Ѓорческа со само еден загубен гем обезбеди полуфинале во грчкиот Ираклион

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (трета носителка) на импресивен начин со убедлива победа од 2:0 во сетови (6:1, 6:0) и само еден загубен гем избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во грчкиот град Ираклион на Крит. Таа во шестиот меѓусебен меч по четврти пат ја совлада Кристина Дину од Романија. Ѓорческа утре ќе го игра своето седмо полуфинале во 2023 година.

Статистички македонската тенисерка имаше четири ас сервиси, наспроти еден на Дину, а Ѓорческа имаше и седум двојни сервис грешки, додека Романката шест. Ѓорческа направи шест брејка од 11 можности, а противничката еден од две можности. Во вкупниот број поени скорот беше 58:31 за македонската тенисерка.

Самиот меч почна со брејк на Дину и водство од 1:0 пред се како резултат на двете двојни сервис грешки на Ѓорческа, која подоцна направи неверојатна серија од 12 гема и со тоа го доби мечот на убедлив начин.

В сабота во полуфиналето противничка ќе и биде Русинката Екатерина Макарова (втора носителка), која денеска ја победи Кристина-Андреа Мицу од Романија со 7:6 (5) и 6:2. Ѓорческа и Макарова имаат одиграно еден меч, минатата година во финалето на фјучрсот во Ираклион, а победи Макарова по голема борба и меч во три сета (6:4, 5:7, 7:5).

Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Бренда Фрухвиртова (прва носителка, Чешка) и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот