Ѓоковиќ преку Медведев до финале во Абделаида

Фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ одлично ја започна годината и обезбеди финале во Абделаида по победата против Русинот Данил Медведев со 2:0 во сетови.

Во првите три гема од мечот немаше возбудувања и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а потоа Ѓоковиќ изврши притисок и направи брејк за водство од 3:1 и предноста ја зачува до крајот за победа од 6:3.

Вториот сет донесе голема битка, а пресуден беше гемот на Ѓоковиќ со кој поведе со 4:3 и одбрани две брејк-шанси за на крајот да победи со 6:4.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Себастијан Корда кој славеше против Јошихито Нишиока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот