Ѓоковиќ ја започна 339. недела на врвот на АТП ранг-листата

И натаму е неизвесно дали Новак Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн следната година/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 339. недела на првото место на АТП ранг-листата со 12.133 поени. Ѓоковиќ продолжи да ја зголемува разликата во однос на Рожер Федерер и сега има 29 недели повеќе поминати на врвот на АТП ранг-листата во однос на Швајцарецот.

Исто така, српскиот тенисер денеска ја започна 116 недела на врвот на АТП ранг-листата од моментот кога наполни 30 години, што е речиси двојно повеќе од Рафаел Надал кој 68 недели беше најдобар тенисер на светот откако наполни 30 години.

Покрај тоа, Ѓоковиќ ја зголеми разликата над Данил Медведес кој загуби 227 поени во однос на минатата недела кога имаше 10.780 бодови, а сега има 10.533 поени.

Останати промени меѓу најдобрите 10 на ранг-листата нема и од третото до десеттото место се наоѓаат Стефанос Циципас, Александер Зверев, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Рожер Федерер и Каспер Руд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот