Ѓоковиќ има „полесен“ пат до финалето на УС Опен по елиминацијата на Холгер Руне

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Првото големо изненадување на „УС Опен“ во Њујорк (САД) го направи Шпанецот Роберто Карбаљес Баена кој во првото коло го совлада Данецот Холгер Руне, четврти носител на грен слем турнирот.

Баена, моментно 63 играч на светот, одигра еден одличен меч и по два часа и 42 минута игра обезбеди пласман во второто коло каде го чека подобриот од дуелот Аслан Карацев – Јиржи Лехечка.

Руне беше проектиран да игра полуфинале против Новак Ѓоковиќ, еден од фаворитите за освојување на титулата. Првиот меч Ѓоковиќ ќе го има во 02.30 часот по македонско време, а со една победа на „УС Опен“ српскиот тенисер ќе се врати на врвот на АТП листата.

Инаку веќе објавивме каков би бил патот на Ѓоковиќ до завршницата, доколку триумфира на стартот, во следната фаза ќе игра со подобриот од мечот Бернабе Запата Мираљес – Итан Квин. Во третото коло Ѓоковиќ веќе знае дека го „чека“ неговиот сонародник Ласло Ѓере кој го елиминираше Американецот Брендон Накашима со 7:5, 6:4 и 6:4, а во четвртото најверојатно би се сретнал со Канаѓанецот Оже-Алијасим.

Настапот е завршен за Руне, како еден од најтешките ривали во делот од жрепката каде Ѓоковиќ е прв фаворит, во четвртфиналето Србинот би можел да се сретне против Гркот Стефанос Циципас, но тука се и Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.

Најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз се наоѓа во втората половина од жрепката, а потенцијален дуел меѓу Алкараз и Ѓоковиќ е можен само во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот