Новак Ѓоковиќ го дели една победа на „УС Опен“ за враќање на врвот на АТП

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го задржа првото место на најновата АТП ранг листа, а и натаму има само 20 бодови повеќе во однос на второпласираниот, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Алкараз моментно има 9,815 бодови, додека Ѓоковиќ 9,795. И двајцата тенисери ќе играат на последниот грен слем турнир оваа сезона, „УС Опен“ кој ќе стартува денеска со првите мечеви закажани од 17.00 часот.

Шпанецот ја брани титулата во Њујорк, додека Ѓоковиќ минатата година не учествуваше на Отвореното првенство на САД бидејќи не беше вакциниран против ковид-19.

Поради фактот дека српскиот ас не играше лани и не брани ниту еден бод во Њујорк, а Алкараз брани 2,000 бодови за титулата, на Ѓоковиќ ќе му биде доволна една победа на „УС Опен“ за враќање на врвот на АТП. Својот прв меч Ноле ќе го има во 02.30 часот по македонско време против Александр Милер од Франција.

Самото појавување во првото коло носи 10 бодови, додека пласманот во второто коло на секој тенисер му носи 45 бодови, што во овој случај му е доволно на Ѓоковиќ.

На третото место на АТП листата е Русинот Данил Медведев со 6,260 бодови, следен од Данецот Холгер Руне (4,790), додека на петтата позиција е Каспер Руд од Норвешка (4,715).

АТП листа:

1. Карлос Алкараз (Шпанија) 9,815 бодови
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9,795
3. Данил Медведев (Русија) 6,260
4. Холгер Руне (Данска) 4,790
5. Каспер Руд (Норвешка) 4,715
6. Јаник Синер (Италија) 4,645
7. Стефанос Циципас (Грција) 4,580
8. Андреј Рубљов (Русија) 4,515
9. Тејлор Фриц (САД) 3,605
10. Френсис Тиафо (САД) 3,050

Пад на Калин за 23 позиции, Ѓорческа напредуваше шест места

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот