Пад на Калин за 23 позиции, Ѓорческа напредуваше шест места

Фото: .mtftennis.mk

Новата АТП листа поради УС Опен и новото рангирање се појави уште денеска, а најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330.то место на АТП листата со 162 поени. Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела.

Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали поместувања нагоре на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1131.то место со 8 поени (скок три места), а Обрад Марковски е рангиран на 1216.то место со 6 поени (скок 8 места). Овие двајца играчи од вторник ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Куршумлијска Бања во Србија, додека Калин Ивановски ќе настапи на Челинџер турнирот во Мајорка каде за противник во првото коло ќе го има Жоао Соуса од Португалија (34.год, 259.место АТП). Мечот ќе се игра најверојатно во вторник.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 625.то место со 81 поен (пад за шест места), Марковски е рангиран на 1093.то место – 28 поени (пад 67 места и четири поени помалку од претходната недела). Берк Бугариќ е на 1330.то место со 16 поени, а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2039.то место со 3 поени.

Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска имаат мали поместувања нагоре на ВТА листата. Ѓорческа со 312 поени се наоѓа на 233.то место или скок за четири места, додека Стоилковска е рангирана на 1345.то место со 5 поени (скок шест позиции).

Ѓорческа оваа недела ќе се подготува за следните два турнира првиот во Виена, а потоа следната недела во Скопје, додека Стоилоковска оваа недела ќе настапува на фјучрсот во Куршумлијска Бања каде е директна учесничка.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 283.то место со 284 поени (пад за едно место), додека Александра Симева е рангирана на 1435.то место со три поени (пад за две места).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот