Садик Кан по трет пат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан/ Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

Садик Кан, кандидат на Лабуристичката партија е избран за градоначалник на Лондон по третпат.

Кан беше прогласен за победник пред кандидатката на конзервативците Сузан Хол во саботата попладне, со 43,8 отсто од гласовите.

Но, својот победнички говор го одржа со исвиркувања.

 „Ви благодарам од дното на моето срце, ти благодарам Лондон. Тоа беа тешки неколку месеци. Се соочивме со кампања на нон-стоп негативност“, изјави тој во Градското собрание, а пред да помине низ бината еден хулиган извика „Кан го уби Лондон“.

Кан додаде дека ќе биде градоначалник на сите жители на Лондон без разлика дали гласале за него или не.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот