ВИДЕО: Надал по три часа маратон успеа да го елиминира 91 играч на светот

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се мачеше во дуелот со Аргентинецот Педро Качин, кого го совлада во третото коло на Мастерсот во Мадрид со 6:1, 6:7, 6:3 по три часа игра.

Првиот сет Надал го доби убедливо со 6:1 во кој три пати му го одзеде сервисот на ривалот и имаше целосна доминација.

После тоа малкумина очекуваа дека Надал после тоа ќе има проблем да се пласира во осминафиналето, но тоа се случи. Качин направи двоен брејк и се чинеше дека оди кон израмнување. Но, Надал никогаш не се предава, па успеа да врати еден брејк, а потоа да спаси два сет топки и да врати уште еден.

После тоа, Надал повторно загуби гем, а Аргентинецот сервираше за сет, но повторно Шпанецот успеа да го врати брејкот и го внесе сетот во тај-брејк. Повторно имаше многу мини-брејкови во тајбрејкот, а на крајот Качин успеа да дојде до сет-поен и да го освои сетот.

Надал одлично го започна вториот сет и веднаш направи брејк. Сепак, Качин успеа да се извлече и повторно да го врати брејкот, но тоа не траеше долго и Надал повторно го доби сервисот на ривалот и стигна до 5:3, а потоа повторно изврши притисок на неговиот сервис и стигна до меч поен кој го искористи.

Во следното коло Надал ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка, кој претходно со 2:0 го совлада Тијаго Монтеиро. Победа славеше и Бублик кој со 2:1 (3:6, 7:6, 6:4) го елиминираше Шелтон, потоа Медведев со пресврт го совлада Корда, Руд со 6:2 и 6:4 го исфрли Нори, додека при водство на Оже-Алијасум од 6:1 и 1:0, мечот го преодаде Менсик.

Кај жените елиминација доживеа Сакари која два пати со 6:4 загуби од Бразилката Хадад Маја, потоа Жабер убедливо со 6:0 и 6:4 триумфираше над Остапенко. Првата носителка Швјонтек пропушти само еден гем во дуелот со Сорибес Тормо од Шпанија, Андреева со 7:6 и 6:4 ја совлада Паолини, а во американскиот дуел со 7:6, 4:6 и 6:4 славеше Кијз против Гоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот