Елиминиран Руне од „УС Опен“, крај и за Гаске, Швјонтек лесно до второто коло

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Во првото коло на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк (САД) Ришар Гаске од Франција претрпе пораз со резултат 2:3 во сетови против Унгарецот Фабиан Марошан.

Првите два сета му припаднаа на Марошан (3:6, 1:6), возврати Гаске освојувајќи ги следните два во тај-брејк (7:6, 7:6), а во решавачкиот сет унгарскиот тенисер беше подобар со 6:2. Марошан за пласман во следната фаза ќе игра уште еден тенисер од Франција, 22 носител Адриан Манарино.

Настапот го заврши 25 носител на турнирот, Александер Бублик од Казахстан кој загуби од Австриецот Доминик Тим со 6:3, 6:2 и 6:4. Следен ривал на Тим ќе биде Американецот Бен Шелтон.

Првото големо изненадување го направи Шпанецот Роберто Карбаљес Баена кој го совлада четвртиот носител Холгер Руне од Данска со 6:3, 4:6, 6:3, 6:2.

„УС Опен (мажи)
Резултати –

Качин (Аргентина) – Шелтон (САД) 6:1, 3:6, 2:6, 4:6
Офнер (Австрија) – Боргес (Португалија) 7:6 (5), 3:6, 7:6 (7), 6:4
Гаске (Франција) – Марошан (Унгарија) 3:6, 1:6, 7:6 (5), 7:6 (1), 2:6
Ивашка – Серундоло (Аргентина) 6:2, 7:6 (4), 3:6, 3:6, 3:6
Манарино (Франција) – Ватануки (Јапонија) 7:5, 6:7 (3), 6:3, 7:5
Бублик (Казахстан) – Тим (Австрија) 3:6, 2:6, 4:6
Гирон (САД) – Давидович Фокина (Шпанија) 4:6, 4:6, 2:6
Карбаљес Баена (Шпанија) – Руне (Данска) 6:3, 4:6, 6:3, 6:2

Во женска конкуренција првата тенисерка на светот, Ига Швјонтек се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД откако ја елиминираше Швеѓанката Ребека Петерсон со 6:0 и 6:1.

Полската тенисерка ја брани титулата, до новиот триумф дојде за скоро еден час игра, а нејзина следна противничка ќе биде Дариа Севил од Австралија која исто така имаше убедлив старт со триумф од 6:0 и 6:2 против Американката со „вајлд-кард“, Клерви Нгунуе.

„УС Опен“ (жени)
Резултати –

Френх (Полска) – Наваро (САД) 7:6 (10), 1:6, 6:2
Грачева (Франција) – Таунсенд (САД) 4:6, 2:6
Рахимова – Бенчиќ (Швајцарија) 2:6, 4:6
Шмидлова (Словачка) – Баиндл (Украина) 6:4, 3:6, 6:3
Азаренка – Феро (Франција) 6:1, 6:2
Масарова (Шпанија) – Сакари (Грција) 6:4, 6:4
Мухова (Чешка) – Хантер (Австралија 6:4, 6:0
Нгунуе (САД) – Севил (Австралија 0:6, 2:6
Швјонтек (Полска) – Петерсон (Шведска) 6:0, 6:1
Дејвис (САД) – Ковиниќ (Црна Гора) 6:2, 6:2
Калинина (Украина) – Сорибес Тормо (Шпанија) 4:6, 5:7
Колинс (САД) – Фрухвиртова (Чешка) 6:2, 6:0
Пера (САД) – Кудерметова 7:5, 6:4
Мијазаки (Велика Британија) – Бетова 6:3, 6:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот