Новак Ѓоковиќ/EPA/STR

Ѓоковиќ: Допинг-скандалот ќе го следи Синер до крајот на кариерата

Во долгоочекуваното интервју со британскиот новинар Пирс Морган, кое се емитуваше во вторник навечер, темата за допинг-аферата околу Јаник Синер излезе како една од најзабележителните. Италијанскиот тенисер беше суспендиран три месеци, но тоа време се поклопи меѓу два грен-слем турнира, па за негова среќа не пропушти ниту еден од најголемите натпревари.

„Тоа е нешто многу големо, кога ќе се случи такво нешто со текот на времето избледува, но не исчезнува. Секогаш ќе постои група на луѓе кои ќе потсетуваат, исто како во мојот случај со коронавирусот. Кога се случи скандалот, бев во шок, искрено. Навистина не мислам дека го направи тоа намерно, но начинот на кој се справи со целиот случај има многу пропусти“, изјави Ѓоковиќ.

И покрај санкцијата, Синер остана на врвот на светската тенис-распоред до септември годинава, кога Алкараз со победата САД Опен го презеде првото место.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот