Ѓоковиќ до Наталија: Се надевам дека ќе јадеме трева заедно
Српската тенисерка која од почетоците на кариерата е поврзана и со Македонија, Наталија Стевановиќ вчера приреди големо изненадување откако ја елиминираше Каролина Плишкова.
Препорачано
Победата над чешката тенисерка дојде по период во блиско минато во кое Наталија се соочувала со сериозни здравствени проблеми. Честитки до Наталија испрати и најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Не сум ја видел Наталија многу пати во животот. Знам дека доаѓаше во центарот во Белград, па ја познавам површно. Како и секој друг тенисер и тенисерка која се пробива од Србија, ја има мојата целосна поддршка. Се надевам дека оваа победа ќе и биде мотив“.
„Навистина заслужува да и се честита. Не очекуваа многу луѓе да се квалификува и да победи против фавориот, девојка која тука играше финале. Импресивен резултат“, изјави Ѓоковиќ.
Новинарите му кажаа и дека Наталија прославила во негов стил со јадење трева.
„Хаха, фантастично! Не знаев дека јадела трева, се надевам дека ќе јадеме трева заедно“, низ насмевка прокоментира Ѓоковиќ.
Natalija Stevanovic ? @DjokerNole
There’s just something tasty about our grass ? ??#Wimbledon pic.twitter.com/ppiD144b3m
— Wimbledon (@Wimbledon) June 29, 2023
Наталија во второто коло ќе игра со Тамара Корпач, а Ѓоковиќ го чека подобриот од дуелот Вавринка – Ечвери.


