Српска тенисерка приреди сензација на Вимблдон и тоа по тежок период во животот
Српската тенисерка Наталија Стевановиќ е хитот од вчерашниот ден на Вимблдон откако ја елиминираше поранешната тенисерка број еден во светот, Каролина Плишкова од Чешка. Но, не е само победата причината, таа има и голема лична приказна.
Препорачано
Тенисерката од Ниш ја совлада фаворитката со убедливи 6:2 и 6:3, а по мечот зеде и парче од тревата во стил на нејзиниот сонародник, Новак Ѓоковиќ.
И сето ова дојде по големите здравствени проблеми кои ги имаше во блиско минато и кои започнале пред осум години кога и била направена операција на црниот дроб. Тогаш се соочила и си сипаници кои многу тешко ги прележала, а не поминала лесно и за време на коронавирисот кога подолг период имала воспаление на белите дробови.
„Навистина поминав низ тежок период, имав осум килограми вишок, ми беше отстранет половина стомак, добив и сипаници, па во тек на коронавирусот и воспаление на белите дробови. Сега целта за мене на овој турнир е полуфинале“, изјави оптимистично Србинката која во овој момент е на 225-то место на ВТА листата.
Natalija Stevanovic ? @DjokerNole
There’s just something tasty about our grass ? ??#Wimbledon pic.twitter.com/ppiD144b3m
— Wimbledon (@Wimbledon) June 29, 2023


