Гиевски од НСОН: МОН да се изјасни дали парите за наставниците се префрлуваат преку наменски или ненаменски дотации

Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) побараа од МОН на наставниците да им бидат исплатени зголемените работни обврски во време на пандемија, а претседателот на СОНК, Јаким Неделков, дури се закани со штрајк на просветните работници доколку тоа не се случи.

Томислав Гиевски пак, претседател на НСОН и наставник по географија во ОУ „Рајко Жинзифов“ во Кисела вода, за „Слободен печат“, вели оти МОН мора да дефинира на кој начин се префрлуваат парите до локалните самоуправи, а кои треба да ги добијат токму тие наставници со двојно зголемен работен учинок.

– МОН децидно тврди дека ги префрлуваат парите, но МОН треба да се изјасни дали парите ги префрлуваат со наменски или со ненаменски дотации. Затоа што доколку ги префрла со наменски блок дотации тие мора да се искористат за исплаќање на прекувремениот труд, но доколку ги исплаќа како ненаменски дотации, а тие служат за покривање на тековните трошоци, со истите пари директорот може да реновира, да врши поправка на кров и тука станува збор за манипулација на јавноста – вели Гиевски.

На прашањето дали НСОН планира да се солидализира со СОН при евентуален штрајк од страна на наставниците, тој вели оти одлука за тоа допрва треба да се донесе, бидејќи како што истакнува, додека тие организирале протести токму поради ова прашање, од СОНК постојано добивале апели да прекинат со истите.

– Ќе мораме да почекаме Собрание на НСОН да донесе одлука, бидејќи ние организиравме преку пет протести во текот на целата година и на сите пет протести претседателот на СОНК повикуваше да не се протестира, бидејќи тие прашања се затворени и поради тоа на нас ни е чудна ситуацијата и ни е тешко да соработуваме и не гледаме искрена желба, мораме да процениме кои се намерите поради кои го прави ова сега СОНК – истакна Гиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот