Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

„Ги соблече нејзините чизми и чорапи, а потоа …“ Квентин Тарантино има најбизарен фетиш на светот

Поранешен член на персоналот во стриптиз клубот „Crazy Girls“ во Лос Анџелес вели дека бил сведок на бизарна сцена со Квентин Тарантино, тој сè открил во поткастот „Get in the Car“.

Легендарниот холивудски режисер Квентин Тарантино бил во средината на скандал откако поранешен вработен во стриптиз клуб тврдел дека Тарантино платил 10.000 долари за да ги лиже нозете на танчарка во ВИП собата половина час.

Имено, поранешен член на персоналот во стриптиз клубот „Crazy Girls“ во Лос Анџелес вели дека бил сведок на оваа бизарна сцена со Квентин Тарантино, а сè открил во поткастот „Get in the Car“.

– Сè гледав преку камерите од чиста љубопитност. Тарантино бараше ВИП соба и танчарка со најголеми гради и задник. Тој седна, а таа се обидуваше да го соблече градникот. Потоа стана, ја фрли на стол ѝ ги соблече чизмите и чорапите и почна да ѝ ги лиже нозете и да ѝ ги цица прстите. Стомаците ни се превртеа кога видовме што прави – рече поранешната вработена и додаде дека, по она што го пренеле стриптизетите, нејзините стапала изгледале како да била во вода со часови и дека најверојатно дека ѝ платил 10.000 долари за тој чин.

Ако сте гледале еден од филмовите на Тарантино, ќе разберете дека неговиот фетиш за стапала е повеќе од очигледен, а режисерот еднаш зборуваше за тоа.

– Во многу добри филмови има многу стапала. Луис Буњуел беше првиот режисер познат по ова. Хичкок исто така имаше таков углед, како и Софија Копола – рече тој во интервју за списанието GQ во 2021 година.

Некои актери го критикуваа и за неговиот донекаде бизарен фетиш, вклучувајќи ја и изјавата на Бред Пит додека примаше награда за филмот „Си беше еднаш во Холивуд“.

– Тарантино извади повеќе жени од нивните чевли отколку обезбедувањето на аеродромот. Благодарение на Лео, Маго и нозете на Марго Роби – рече Пит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот