Ги поседувате овие 2 карактеристики, честитки – Вие сте одлични во кревет!

Иако бројот на сексуални односи во текот на неделата зависи од самиот карактер на луѓето, едно неодамнешно испитување покажало дека луѓето со најбогат сексуален живот делат само две карактерни особини – добрина и несебичност.

Ако ги поседувате овие 2 карактеристики, ви честитаме – вие сте одлични во кревет!

Во истражувањето што било објавено во „The British Journal of Psychology“, учествувале 192 сингл жени и 105 сингл мажи. За потребите на студијата, тие требало да решат низа тестови со цел да се утврди поврзаноста помеѓу алтруизмот – однесувањето чија цел е да се помогне некому без корист или награда и успехот во љубовта, односно во врските и сексуалниот живот.

Истражувањето покажало дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и најмногу се задоволни од сексуалните односи. Кај машките испитаници тоа вклучувало и поголем број женски партнери за секс без обврски. Конечно науката потврдува нешто во што сите ние се сомневавме подолго време.

Дека добрината и несебичноста се посакувани особини кај припадниците на спротивниот пол ни докажува и историјата, односно времињата на општествата од ловци и собирачи, каде што мажите кои го делеле пленот со жените биле многу попосакувани мажи од останатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот