Ги одби Реал Мадрид и Баерн: Јасин Боно е нов голман на Ал-Хилал

фото: EPA-EFE/JOSE MANUEL VIDAL

Ал-Хилал го ангажираше мароканскиот чувар на мрежата Јасин Боно од шпанската екипата на Севиља.

Моментно еден од најискусните голмани на светот официјално потпиша договор на три години со клубот од Саудиска Арабија.

Според шпанските медиуми Севиља од овој трансфер ќе добие 21 милион евра.

Боно (32) беше првата голманска опција на Севиља со која успеа двапати да ја освои Лига Европа, а воедно со репрезентацијата на Мароко стигна до историско полуфинале на Светското првенство во Катар.

За неговите услуги имаше интерес и од Реал Мадрид и Баерн Минхен, но се одлучи за Ал-Хилал, еден од најуспешните клубови во Саудиска Арабија и Азија, со 66 трофеи, вклучувајќи 18 домашни лигашки титули и четири круни во Азиската Шампионска Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот