Советничка за религија на Трамп / Фото: принтскрин Х

„Ги изгубивме клучевите од Ормускиот Теснец“ – Иран иронично по ултиматумите на Трамп

Дипломатската мрежа на Иран иронично реагираше на новите ултиматуми на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со отворањето на Ормускиот Tеснец, велејќи му дека „ги изгубиле клучевите“ од теснецот.

„Ги изгубивме клучевите“, напишаа од иранската амбасада во Зимбабве како одговор на новите ултиматуми на Трамп кон Иран.

Амбасадата сподели неколку коментари на Трамп на социјалната мрежа Truth Social и му одговори на повеќе негови објави на социјалните мрежи.

„Претседателскиот престој се однесува на очекуваните стандарди на однесување и комуникација за претседателот додека тој е на функција. Ова вклучува, почитувачки и одмерен јазик во јавните изјави. Достоинствено однесување што ја одразува сериозноста на функцијата. Придржување кон нормите и традициите на владеење. Смиреност под притисок, особено за време на кризи. Почитување на институциите, законите и другите гранки на власта“, стои во една од објавите на иранските дипломатски претставништва на Х.

На оваа објава, претходеше и натписот на иранската амбасада во Бугарија на Х која имаше слични наративи, споделувајќи карикатура од Доналд Трамп во Ормускиот Теснец, над која пишува „Не можам да дишам“, пренесуваат регионалните медиуми.

Trump right now pic.twitter.com/XfsBMOnzOR

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот