Германскиот извоз на оружје помал во однос на минатата година

НТВ

Зголемен извозот во таканаречените трети земји, односно држави кои не се дел од ЕУ и НАТО.  

Во првото тромесечје од годината, германската влада одобрила извоз на оружје во вредност од 1,16 милијарди евра, соопшти министерството за економија.

Податоците од првото тромесечје од годината покажуваат  зголемување од само 45 милиони ерва во однос на истиот период минатата година, а се надоврзува на рекордните осум милиони евра извезено оружје во текот на целата 2019 година.

Објавените бројки  покажуваат и дека е зголемен извозот во таканаречените трети земји, односно држави кои не се дел од ЕУ и НАТО.

Уделот во оваа група држави, за кои продажбата се смета за контраверзна,е зголемен на 53 проценти, во однос на истиот период лани, кога уделот на продажбата изнесуваше 35 одсто.

Според податоците на министерството за економија, најголемата продажба на германско оружје и воена опрема е во секторот и потребите на морнарицата.

Најголем купувач е Египет, кој годинава увезе германско оружје и воена опрема во вредност од 290,6 милиони евра. Германската влада  неодамна одобрила и испорака на подморница, за потребите на владата на Египет.

Египет и минатата година беше голем купувач на германското оружје со вредност од 802 милиони евра.

Дел од германската опозиција ја критикуваше одлуката на владата да продава оружје на недемократски и контраверзни држави, во услови, како што наведоа, светот повикува на глобално примирје.

Опозицијата смета дека државите кои се со мал демократски капацитет, како што е во случајот Египет, би можеле да го злоупотребат купеното германско оружје за изведување нелегални воени акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот