Германски компании бараат добавувачи во држави од Западен Балкан

Германските компании бараат добавувачи во земјите од Западен Балкан, а заинтересираните компании од Србија можат да аплицираат до 17 јуни годинава, јави Бета.

Пријавувањето е преку веб-страницата на Германско-српската стопанска комора.

Регионалниот проект Б2Б „Германска иницијатива за наоѓање добавувачи на Западен Балкан” се спроведува седма година, а минатата година се одржаа повеќе од 300 состаноци, со учество на 52 српски компании.

Проектот е организиран од Германско-српската стопанска комора, претставништвата на германската економија на Западен Балкан (AHK), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и логистика (BME e.V.).

Германските компании кои бараат добавувачи се главно од секторот за обработка на метали како и сектори за обработка на пластика и електроника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот