Германската влада бара итни мерки: Пејачот на „Рамштајн“ избирал девојки од првите редови, а потоа ги дрогирал и силувал

Германската влада во вторникот побара мерки за заштита на женската публика на домашниот култен метал бенд „Рамштајн“ по обвинувањата против нивниот пејач за сексуалнo злоставување.
„Особено младите мора да бидат подобро заштитени од агресија“, изјавила за АФП германската министерка за семејство Лиза Паус од Зелената партија, додека „Рамштајн“, еден од најпознатите европски метал бендови, е на турнеја низ континентот.
Министерката посебно предложила на концертите да се воведат заштитни зони за жени и екипи кои би можеле да интервенираат во случај на сексуално злоставување.
„Треба „брзо и конкретно“ да разговараме за заштитните мерки“, побарала министерката, истакнувајќи дека би било „корисно да се спроведе сериозна дискусија за одговорноста на уметниците и организаторите кон посетителите на концертот“.
View this post on Instagram
Пејачот на „Рамштајн“ Тил Линдеман е обвинет за сексуално злоставување од неколку жени, објавија деновиве државната телевизија НДР и весникот „Suddeutsche Zeitung“.
Пејачот е осомничен дека на концертите од првите редови избирал група девојки кои по концертот ги повикувал на забава. Две девојки тврдат дека на тие забави биле дрогирани и принудувани на секс, што бендот го демантираше.
Во друга истрага што ја води неделникот „Die Welt“, опишан е целиот систем во служба на пејачот, во кој девојките од првиот ред биле снимани и фотографирани за Линдеман (60) за да може да ги избере оние што му се допаѓаат.
View this post on Instagram
Оваа недела на олимпискиот стадион во Минхен треба да се одржат четири концерти, каде што нема да има први редови пред бината од која контроверзниот пејач избирала девојки (т.н. Row Zero).
„Организаторот вчера не информираше дека нема да има простор за Row Zero ниту забава по концертот овде, кај нас“, изјави за АФП Тобијас Колер, портпарол на стадионот на кој ќе настапи бендот.
„Рамштајн“ во наредните недели треба да одржат концерти во Франција, Италија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Холандија, Полска и Австрија.
Фронтменот на „Рамштајн“ обвинет дека дрогирал и сексуално малтретирал обожавателка