Германска докторка: Коронавирусот лесно се отстранува од рацете, мијте ги темелно и често!

Коронавирусот е вирус кој лесно може да се „симне“ од рацете, потребно е само темелно да ги измиете, – вели доктор Ирис Каберни, директорка на Институтот за хигиена на Универзитетската болница во Лајпциг.

Германската докторка Ирис Каберни смета дека коронавирусот лесно се отстранува од рацете, доколку рацете често се мијат.

Според Каберни, луѓето нема потреба да се дезинфицираат бидејќи вирусот може да се отстрани едноставно, со сапун и вода, а геловите за дезинфекција им се повеќе потребни на лекарите и пациентите. Таа забележува дека „повеќето луѓе не треба да натрупуваат средства за дезинфекција“. Не само што е непотребно, туку може да биде опасно за оние кои се сериозно болни.

– Средствата за дезинфекција им се потребни на медицинскиот персонал, не нужно поради коронавирусот, туку поради борба со други патогени. Многу работи во болница мора да се направат итно и нема време за темелно миење на рацете, – вели Каберни и додава – На некои луѓе заштитата од патогени е клучна во нивните домови, на пример, на заболените од карцином после хемотерапија. Би било навистина катастрофално ако тие останат без средства за дезинфекција, зашто во паника се распродаваат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот