Германија се откажа од пешадиските борбени возила „Пума” по проблемите со нивната исправност

Германија нема да купува повеќе пешадиски борбени возила „Пума” додека не се докаже нивната исправност, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, откако најмалку 18 германски оклопни возила беа повлечени од употреба во последните воени вежби.

„Неодамна откриените дефекти на борбените возила на пешадијата „Пума” се сериозно назадување“, рече Ламбрехт.

Додаде дека таа побарала извештај за ова прашање до крајот на следната недела.

„Нашите трупи мора да бидат способни да се потпрат на оружени системи кои се робусни и стабилни“, рече Ламбрехт, уверувајќи ги сојузниците на НАТО дека можат да продолжат да се потпираат на Берлин за да бидат подготвени како дел од заедничките сили за брз одговор од 2023 година.

Германија треба да ја преземе ротациската команда на овие сили на 1 јануари 2023 година.

Според портпаролот на германското Министерство за одбрана, проблематичните возила сега ќе бидат заменети со многу постарите оклопни борбени возила „Мардер”, воведени пред неколку децении.

Магазинот „Шпигел” изминатиот викенд објави дека 18 пешадиски борбени возила „Пума” наменети за заедничките сили за брза реакција на НАТО следната година не биле во функција откако се појавиле проблеми за време на пукањата за воена обука.

По вежбата во која учествуваа 18 најсовремени борбени тенкови „Пума“, ниту еден не остана во функција, се вели во извештајот.

Германија вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана и ќе ги модернизира своите вооружени сили по војната во Украина. Владата на канцеларот Олаф Шолц во овогодинешниот буџет издвојува 100 милијарди евра за инвестиции во одбраната.

Поради технички проблеми германските тенкови „Пума“ исфрлени од НАТО вежба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот