Германија размислува да го одложи затворањето на термоцентралите на јаглен

термоцентрала фото МИА

 Германската Влада ја разгледува можноста за одложување на плановите за затворање на термоцентралите на јаглен.

Германија имаше поставено како цел до 2038 година целосно да ги затвори капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен.

Заложбите на централно-левичарската коалиција беа тоа да се направи и порано, најдоцна до 2030 година.

Но, конфликтот во Украина доведе до преиспитување на енергетската политика на Берлин.

Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи изготвија плански документ за кој посочуваат оти не значи промена во однапред поставените цели, иако во него се остава како можност одложување на крајниот рок за затворање на термоцентралите на јаглен.

„Сакаме краткорочно да ја намалиме потрошувачката на гас во производството на електрична енергија, на начин што ќе ги имаме на располагање капацитетите на јаглен”, се посочува во документот.

Германија е под притисок да ја намали зависноста од рускиот гас кој во моментот покрива 55 отсто од нејзините потреби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот