Германците го молат Левандовски да не го собори рекордот на Герд Милер

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

Роберт Левандовски го израмни рекордот на легендарниот германски фудбалер Герд Милер од 40 голови во една сезона,  а во последното коло има шанса да го собори овој рекорд, меѓутоа фудбалери, новинари и тренери го молат да не го стори тоа.

Левандовски минатиот викенд на натпреварот против Аугзбург го постигна својот 40 гол Бундеслигата оваа сезона и со тоа го израмни рекордот стар речиси четири децении на Герд Милер.
До крајот на сезоната во Бундеслигата остана уште едно коло што значи дека Левандовски има шанса да престигне Милер, но германската јавност го моли тоа да не го прави тоа.
Поранешни фудбалери, актуелни тренери, новинари… сите индиректно бараат од Левандовски да не игра во последното коло или да не изведува пенал доколку до него дојде.

– Од почит кон Герд Милер, Левандовски не би требало да игра против Аугсбург. Замислите само Роберт да излезе и да каже „Нема да играм, ќе седам на клупата“, каков потег би бил тоа – вели поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман.
На ваквиот апел се приклучи и новинарот на „Шпигел“, Петер Аронс.
– Левандовски освои се, тој е најдобар фудбалер на светот, постигна 40 голови, освои титула…. Зошто не го остави рекордот на Герд Милер, бидејќи тој е клупска легенда. Баерн не би бил тоа што е сега да не беше Милер – вели Аронс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот