Герапетридис за Преспанскиот договор: Селективната примена на меѓународното право е недозволива

Јоргос Герапетритис/ Фото: Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во неговото излагање на денешниот Совет за надворешни работи (ГАК) во Луксембург го споменал „престапното однесување на Скопје од изборите и потоа“ и укажал на „јасното толкување на Договорот од Преспа што важи за сите (ерга омнес)“, брифирале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите извори, на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија, шефот на грчката дипломатија посочил дека „селективната примена на меѓународното право е недозволива“, но и истакнал дека иднината на Западен Балкан е во Европа, под основен услов „верно почитување на европското законодавство и меѓународното право“.

На работниот ручек на шефовите на дипломатиите на Унијата со нивните колеги од земјите од Западен Балкан, Герапетритис повторил дека европската перспектива е пат во една насока, но треба да се заснова на критериумите и постигнувањата на самите државите на три нивоа: европското законодавство; почитување на фундаменталните правила, демократијата, владеењето на правото, заштитата на малцинствата и верна примена на меѓународното право.

Дополнително, според истите дипломатски извори за медиумите во Грција, по грчка интервенција и брзите дипломатски дејствија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, во неговото излагање, јасно повторил дека принципот pacta sunt servanda (договорите се обврзувачки и треба да се почитуваа) е предуслов за европската перспектива на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот