Георгиева: Фуркан рече дека убиле човек

Фото: Слободен печат

Сведокот Анета Георгиева во исказот пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо рече дека во декември 2018 година дошле кај неа во 6 часот наутро Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска, кои се товарат за убиството на младиот Пино Секондо. Таа се разлутила зошто ја будат толку рано, а кај неа биле приближно еден час, објави Макфакс.

По одредено време, Фуркан и рекол: „Убивме човек“. „Ја погледнав Ангела и таа кажа – ‘да’ и толку беше. Им реков сериозни ли сте? Тие рекоа ‘да’ и ја сменија темата”.

Сведокот кажа дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа. „Двајцата беа најнормални”, рече Ѓоргиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот