Геополитичка игра на нерви: Каде се заглави на линијата Москва-Вашингтон?
Белата куќа, повикувајќи се на проценката на сопствениот тим, „ја спушти рампата“ за брза средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
Препорачано
Според „Аксиос“, пораката на портпаролот е кристално јасна: почетниот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил „продуктивен“, но „двете страни сè уште не се подготвени за разговори на лидерско ниво“ што сега би имале смисла. Со други зборови, сигналот е испратен, јавете се кога ќе имате нешто што ќе го прекине застојот.
Ројтерс дополнително ја заостри рамката, наведувајќи дека „тврдата“ позиција на Москва за прекинот на огнот ги намалува изгледите за самит на краток рок. Според европските дипломати на кои се повикува агенцијата, Москва не ја променила својата почетна точка: „не застануваме таму каде што сме“, не се согласуваме со „замрзнување на линиите“ без политички пакет што Кремљ го смета за минимум. Епилог: подготвителната средба меѓу Лавров и Рубио, закажана за оваа недела, е одложена.
Неколку мигови пред овие натписи, „Тајм“ испорача политичка рамка во која секој разговор меѓу Трамп и Путин беше „миниран“ однапред со наратив: Трамп наводно „повторно паѓа во руската стапица“ и „размислува како Путин“. Клучот на тезата на неделникот беше дека самитот во Будимпешта ќе му обезбеди на Путин сцена на тлото на ЕУ и НАТО, што според медиумот е симболичен удар со „најмоќниот човек на светот“ што Кремљ ќе го претвори во пропаганден капитал.
„Теоријата на играта“, пишува „Тајм“, е дека наједноставното објаснување е често точно. Ако Трамп го „награди“ Путин и го „казни“ Киев, Путин ќе го „тестира Западот уште повеќе“. Заклучокот е дека дури и идејата за средбата е претставена како стратешка грешка.
Хронологија на настаните
Хронологијата на настаните пак е поелоквентна од која било теза. Прво, протекувањето на детали од „Фајненшл тајмс“ за напнатата средба меѓу Трамп и Зеленски, потоа бранот коментари што „забиваат клин“ (ја поставуваат рамката) на јавната дебата пред преговорите, доколку се случат, влегуваат во зоната без враќање за интересните групи што не се присутни.

Во оваа светлина на настаните, според „Аксиос“ „сè уште не е време за средба“, бидејќи Москва не попушта како што наведува„Ројтерс“ и „наративот за стапицата“ на „Тајм“ дејствуваат како три нозе на истата маса. што во превод би значело институционално одложување, дипломатска рационализација и медиумско запечатување на прозорецот на можното.
Со други зборови, механизмот е препознатлив дека кога постои ризик дека директниот договор ќе го помести фокусот, од логистиката на војната кон инженерството на мирот, машината што живее на инерција (безбедносен апарат, медиумски екосистем и интересите на индустриите поврзани со долгорочни кризи) го крева прагот, ја менува агендата и шири сомнеж. Потоа симболиката на Будимпешта дека е терен за ЕУ/НАТО, станува дополнителна алатка за притисок, а не фуснота, анализираат медиумите.
Каде е застојот меѓу Москва и Вашингтон?
Дополнително ако се чита меѓу редовите на дипломатските изјави, спрегата меѓу Вашингтон и Москва е направена за истите точки каде што е заглавена повеќе од две години. А таа е – што значи „прекинот на огнот“ (линии, верификација, гаранции), кој и како ја легитимира новата ситуација (формат на ОН или ад хок договор) и, најчувствителното, како изгледа повоената безбедносна архитектура во Источна Европа.

Во исто време руската страна сака „политички пакет“ пред да ги замрзне линиите. Американската страна (во поширока, „институционална“ смисла) го сака спротивното, а тоа е прво замрзнување, а потоа политички процес без гаранции што Москва го нарекува „суштински“.
Во овој клуч, политичкиот инстинкт на Трамп (брз договор, потоа „операции“) се судира со апарат чија логика е обратна и вели: „Прво исцрпни предуслови, а дури потоа средба и сцена за лидерите“.
Будимпешта како мост меѓу Истокот и Западот
И последно од прашањата кои ги анализираат светските медиуми – Зошто се одбра Будимпешта? Според натписитте тоа е така бидејќи во текот на изминатата година, Виктор Орбан ја позиционираше Унгарија како единствен канал на ЕУ подготвен да обезбеди сцена за разговор што повеќето други главни градови ниту сакаат да го видат, ниту ризикуваат да биде „запишан во нивните досиеја“.
Доколку состанокот се одржи во Унгарија, политичката порака е тројна: ЕУ не е монолит, НАТО има внатрешни пукнатини и постои европски актер кој, барем симболично, ќе промовира политика на деескалација. Токму затоа Будимпешта генерира таков отпор, бидејќи самата сцена го релативизира наративот „нема за што да се зборува“, наведуваат медиумите.
Будимпешта за момент изгледаше како место каде што динамиката може да се промени. Сепак Аксиос сигнализираше институционално ладење, Ројтерс дипломатска рационализација, Тајм идеолошко врамување. Три потези, истата порака: „не е време“.
Доколку целта е мир, тогаш прозорецот на можности не се затвора затоа што е „незгоден“, „симболично ризичен“ или „наративно скап“. Се затвора кога агендата е целосно преземена од оние што живеат од прекувремена работа. Значи, вистинското прашање по оваа рунда е едноставно: Кој сака мир денес – и кому му е дозволено да го потпише?, наведуваат во своите анализи новинските агенции.



