Газдите се сериозни дека ќе увезуваат работници од Непал и Бангладеш, би им изградиле и интернати за престој

Фото: МИА

Недостигот од работници кој сериозно го чувствуваат македонските компании ќе предизвика увоз на работници од странство, повтори првиот човек на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, во интервју за МИА.

Тој вели дека најмалку три македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Според него, тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите граделе и интернати за престој на работниците, кои главно доаѓаат од земји од Средниот и Далечниот исток.

„Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е трипати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење“, вели Димитров, кој ги застапува македонските работодавачи.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

„Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите“, додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

„Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред“, изјави Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот