Газдата на Шкендија е разочаран и најавува промени!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Ваквиот разочарувачки пад не смее да продолжи понатаму, Дестани во соопштението до јавноста истакнува дека во последните настапи не ја гледаме таа Шкендија која сме навикнале да ја гледаме последниве години, односно наместо напредување во успесите, изненадувачки се случува спротивното.

Изненадувачката елиминација од европските натпреварување и лошиот старт на сезоната во домашната лига е причина поради која сопственикот на тетовскиот клуб најавува формирање на стручна работна група со цел разгледување на состојбата во клубот за да се утврдат сите движења и промени кои треба да се направат во сите сектори на клубот.

Воедно Дестани очекува за неколку дена оваа стручна работна група да ја заокружи работата, како што рече, со цел ФК Шкендија да се врати во својата најдобра форма за да ја продолжи трката во домашното првенство, така како што сакаат да го гледаат и како заслужуваат сите навивачи и љубители на клубот.

Тетовските „црвено-црни“ во домашниот шампионат после три кола има само еден бод и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот