
Гаши ја констатира оставката на Даути, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија салата
Претседателот на Собранието Африм Гаши направи отстапка и сепак ја констаира оставката на пратеничката Илире Даути од Европскиот фронт од претседателка на Комисијата за социјална политика и и дозволи таа да ја образложи неотповикливата оставка, откако претходн орече дека таа тоа ќе го стори на следната седница. Владејачките пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ демонстративно ја напуштија салата пред Даути да ја образложи оставката.
Препорачано
Даути во образложението на неотповикливата оставка рече дека за неа било несфатливо зошто при изгласана интерпелација таа не била разрешена од функцијата.
-За мене разрешувањето од функцијата беше јасно по изгласаната интерпелација. За да сум објективна се консултирав со експерти и тие истакнаа дека два моменти се клучни – со 61 глас е изгласана интерпелацијата и одлуката дека интерпелацијата е конечна. За разрешување пак, надлежна е Комисијата за избори и именувања. Комисијата за избори и именувања нема надлежност за разрешување по изгласана интерпелација зашто пленумот носи конечно решение и ова функционира во демократска држава. Ако живееме во таква држава ова немаше да се случи, затоа поднесов оставка – рече Даути.
На пратениците од власта им порача дека не ѝ е важно што избегале од салата бидејќи на неа не и е потребно нивното мислење. Пратениците кои гласаа за интерпелацијата Даути ги нарекуваше непочитувани пратеници, а таков епитет доби и претседателот Гаши.
-Ти непочитуван Гаши кажи им на Албанците зошто ти требаше заклучокот од седницата за интерпелација – рече Даути.
Гаши ѝ одговори дека нема да падне на нејзино ниво.
-Констирам дека на Даути и прекунува мандатот претседателка на Комисијата за социјална политика – рече претседателот на Собранието.
Драма во Собранието: Даути поднесе оставка, Гаши не ѝ дава збор