Кавга помеѓу Џафери и Мицевски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Драма во Собранието: Даути поднесе оставка, Гаши не ѝ дава збор
Мариела Трајковска
Пред
Пратеничката Илире Даути не ја напушта собраниската говорница со образложение дека сака да ја образложи оставката од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика по изгласаната интерпелација, која утрово ја доставила до Собранието и го обвини претседателот на Парламентот Африм Гаши дека на сила ја држат на функцијата зашто на почетокот на седницата не ја констатирал оставката.
– Не знам поради кои причини вие Африм Гаши на почетокот на седницата не го констатиравте моето разрешување оти утрово доставив неотповиклива оставка и барам 15 минути да ја образложам оставката – рече Даути во процедурално обраќање.
Гаши одговори дека дописот за оставката го добил пред седницата и дека на следната седница ќе ја констатира и таа ќе може да се обрати пред пратениците.
Во собраниската сала настана мешаница, бидејќи Даути не отстапува од барањето сега да ја образложи оставката, додека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ довикуваа дека го прекршува Деловникот.
– Вие требаше да констатирате на оваа седница, не ја напуштам говорницата – рече Даути.
Кавга помеѓу Џафери и Мицевски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред на актуелната седница и дека Даути не доставила предлог за дополнување на дневниот ред. Тој остана на ставот дека на следната седница на 21 јануари ќе биде констатирана нејзината оставка.
– Не можеш на сила да ме држиш Гаши, не можеш ни ти Мицевски, бездруго тука ќе се слушне мојот глас за лошиот акт кој го направивте, срам да ви е. Баравте мое разрешување и не може на сила да ме држите. Јас не сум ни ваша, ни на Апасиев, ни на Мицевски, ни на Гаши. Барам да ја образложам оставката – рече Даути, а на Мицевски му дофрли дека него никој не го прашува и дека сега нејзе ѝ е редот да зборува.
Според неа, ваквото однесување на власта ја покажува демократијата во Македонија, но и дека колегите пратеници сами се прават судии.
Откако пред собранискиот пулт излегоа повеќе пратеници Гаши објави пауза за да се договорат како ќе продолжат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Поранешната манекенка и стоматолог Викторија Јаначковиќ е една од оние личности со кои секогаш разговорот е интересен. Во интервју за „Слободен печат“, со Викторија зборуваме за мајчинство по четириесеттата, зошто одлучи сама да се грижи за ќерката Никита, вербата во љубовта, времето кога беше дел од манекенските писти и предизвиците што ги носи животот… Добиј …
„Кобајаши Мару“ од авторот Анде Јанков е избрана за книга на годината 2024 од „Антолог“. Се работи за најновото дело од Јанков или како што вели авторот, средината од неговиот крими-серијал во кој главна улога има инспекторот Виктор Николов. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Виц на денот: Дијамантски прстен 2 Денеска …