Гани: Авганистанските сили се способни да ја бранат земјата по заминувањето на американските трупи

Ашраф Гани Фото: ЕПА

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за целосното повлекување на американските сили од Авганистан до почетокот на септември и рече дека ја „почитува” таа одлука.

Авганистанските безбедносни сили „се целосно способни да го бранат својот народ и својата земја, што го прават од самиот почеток”, напиша Гани на Твитер по телефонскиот разговор со Бајден.

– Ние ќе работиме со нашите американски партнери за да обезбедиме мирна транзиција, истакна авганистанскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот