ГАЛЕРИЈА | Модата на 75. Кански филмски фестивал: Гламур на највисоко ниво
75. Кански филмски фестивал започна вчера, нa 17 мај и ќе трае до 28 мај. Овие неколку денови не очекува ревија на одлични филмови, возбудлива церемонија на награди и моден спектакл.
Синоќа фестивалот свечено беше отворен со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.
Во современата историја на Кан, од година во година сме сведоци на бројни модни трендови – од голи фустани кои ги воведе (и врати) Бела Хадид и кои некои подоцна неуспешно ги копираат, луксузни тоалети – поголеми од црвениот тепих и шик фустани.
Не е тајна дека на оваа манифестација отсекогаш владеела врвна елеганција, па овојпат сме сведоци на женственоста и гламур на највисоко ниво.
Модните критичари се воодушевени од храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, Ева Лонгорија се појави во црна тоалета која совршено ја истакнува нејзината фигура, но и од нежното издание на нејзината француска колешка Амандин Петит.
Погледнете ги највпечатливите ја од Канскиот фестивал:
View this post on Instagram