ГАЛЕРИЈА: Македонска пошта, некогаш достојна за МоМА, денес на листата на 12 најзагрозени споменици во Европа

Објектот на Пошта на Северна Република Македонија се најде на листата на 12 најзагрозени споменици во Европа. Зградата на пошта влезе во потесниот круг на 12 загрозени објекти во конкуренција на околу 300 апликанти од разни европски држави, информираше денеска генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Ова претстваува претфинален избор во рамки на програмата 7-те најзагрозени за 2021 година, која ја спроведува Европаностра- Европскиот глас на граѓанското општество. Објекот на Пошта се најде меѓу 12 најзагрозени локалитети во конкуренција на околу 300 апликцаии од различни делови на Европа, од страна на интернационално советодавно тело, составено од експерти по историја, архиологија, архитектура, конзервација, проектни анализи и финансии, истакна Макрадули.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Финалната листа и првиот грант за 7-те најзагрозени објекти ќе биде позната и објавена почетокот на 2021 година.

– Доколку пошта биде избрана во овој финален круг апликанти, тоа ќе значи краткорочни и долгорочни планирања, кои ќе обезбедат трајно зачувување и повторно заживување на објектот и негово достојно предавање на идните генерации како заштитено културно и градителско наследство, нагласи Макрадули.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Тој информира дека една од краткорочните мерки ќе биде и поставување привремен покрив за да се спречи натамошното уништување на објектот. Освен тоа, предвидено е функционално преиспитување на просторните можности преку спроведување јавни дискуси и дебати.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Денес после повеќе години ги отвораме вратите за нова надеж на оваа некогашна главна шалтер сала на пошта. Овој најсилен симбол на постземјотресно Скопје, еден од најсветлите светски примери на модернизмот, граден по скопскиот земјотрес 1963 година, финализиран во 1974 година. Ова извонредно дело на македонскиот светски признат архитект Јанко Константинов, е многукратно наградуван проект во Македонија и странство и изложен во МоМа во Њујорк. За жал, овој објект претрпе голема штета во пожарот во 2013 година. Куполата, внатрешните енетрниерни површини, специјално дизајнирани од Борко Лазовски, фреските се уништени, истакна Макрадули.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Тој потенцира дека е потребно овој објект да се обнови.

Номинацијата на зградата на централната пошта била поднесена од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) а поддржана од .АД Пошти, како и од Министерството за култура.

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот