Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години на меѓународниот турнир „Истра Куп 2024“

фото: ФФМ

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1 до 7 април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска.

Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата „Б“ заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години. Во групата „А“ од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора.

Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2 април со почеток во 18.00 часот. Во второто коло кое е на програмата на 3 април играме со домаќинот Хрватска, во 18.00 часот.

На 5 април, со почеток во 13.00 часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Составот на младата футсал репрезентација (У19) за турнирот во Умаг: Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот