Фудбалскиот клуб Вардар после осум години со деблокирана сметка
По осум години најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар повторно функционира по сите законски норми и прописи.
Препорачано
Извршниот директор на АД Фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски, ја известува заинтересираната јавност дека комплетно се исплатени долговите кон:
Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.
Бенџамин Демир – 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.
Александар Игески – 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.
Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 9 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи.
Фудбалерите на Вардар во вториот дел од сезоната покажуваат добри резултати во Првата македонска лига на патот да се обезбеди опстанок во елитата.
Воедно, потсетување в среда (16 април) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда, а приходот од билетите ќе биде распределен на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани.


