Фудбалерот на кој му се одброени деновите: Дојдете на мојата последна вечер

Фернандо Риксен во кариерата настапуваше за екипите на Фортуна Ситард, АЗ Алкмар, Ренџерс и Зенит, а имаше и 12 настапи за репрезентацијата на Холандија. Кариерата мораше да ја прекине во 2013 година кога се заболе од АЛС и наредната година ја објави својата автобиографска книга и стана заштитно лице во борбата против смртоносната болест. Амиотрофичка латерална склероза (АЛС) е болест на централниот нервен систем, а ефектите од оваа болест се атрофирање на мускулите.

Иако веќе шест години се бори со оваа болест, тој е свесен дека деновите му се одбројани, приклучен е на апарати и во таква состојва им се обрати на своите поранешни соиграчи.

„Поздрав. На 28 јуни ќе биде посебна вечер. Бидејќи постојано ми се влошува состојбата, тоа ќе биде мојата последна вечер. Дојдете и направете атмосфера за паметење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро. Во последно време се чувствувам заморно, дури и по сонот. Кога ќе се разбудам, имам интересни соништа но и главоболка“, вели Риксен во пораката до своите поранешни соиграчи.

Долгогодишната битка со АЛС го истошти поранешниот фудбалер кој сега има само 40 килограми но не сака луѓето да го сожалуваат.
– Лут сум поради болеста и што сум зависен од други луѓе. Не се плашам од смртта, но чувствувам напад на паника кога не можам да дишам поради болеста. Само тогаш се плашам – вели Риксен.

Сопругата Вероника ја запозна додека настапуваше за екипата на Зенит со која имаат петгодишна ќеркичка Изабела која сè уште не знае дека на нејзиниот татко му се одбројани деновите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот