Василије Костов/ФК Црвена Звезда

Фудбалер со македонско потекло може да направи рекорден трансфер во српскиот фудбал

Спортскиот директор на Црвена звезда, Митар Мркела, не штедеше пофалби за младиот бисер Василије Костов, оценувајќи дека токму тој може да стане рекорден трансфер во историјата на српскиот фудбал.

Костов уште нема наполнето 18 години, а веќе е стандарден првотимец во Звезда, а на последното дерби со Партизан за викендот беше и херој за својот тим со гол и асистенција.

„Костов игра најдобар фудбал од играчите на негова возраст во последните години, можеби уште од времето на Дејан Станковиќ. Како 17-годишник решава важни натпревари“, изјави Мркела.

Бројките се на страната на тинејџерот бидејќи зад своето име има девет првенствени голови и седум асистенции, со огромен придонес и во офанзива и во дефанзива. Токму затоа во Белград веруваат дека следниот негов трансфер ќе ги урне сите досегашни рекорди.

Интересот не изостанува, се поврзува со екипи како Арсенал и Интер, а според најавите сумата која Звезда очекува да ја заработи е околу 20 милиони евра.

Инаку, иако има македонски корени, Костов веќе дебитираше за репрезентацијата на Србија, со што приказната за негов евентуален настап во црвено-жолтиот дрес е затворена, па не можеме да се надеваме дека би бил големо засилување за нашата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот