Фронтменот на групата „Ван Гог“, Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле, стана дел од меѓународната поетска мрежа Лириклајн
Ѓукиќ на еминентниот интернационален сајт се претставува со текстовите на песните „Земја Чуда“, „Клатно“, „Опасан плес“, Брод од папира“ и „За Године твоје“, кои се достапни и во аудио и во текстуална форма.
Светски познатата аудио-поетска платформа Лириклајн, на својот сајт кој ја негува современата меѓународна поезија во аудио и текстуален формат, покрај многубројните светски познати поети, објави и пет песни од познатиот пејач од Балканот, Ѕвонимир Ѓуќиќ Ѓуле, фронтменот на српската рок група „Ван Гог“.
Препорачано
Ѓукиќ на еминентниот интернационален сајт се претставува со текстовите на песните „Земја Чуда“, „Клатно“, „Опасан плес“, Брод од папира“ и „За Године твоје“, кои се достапни и во аудио и во текстуална форма.
Платформата е замислена на тој начин што секој одбран уметник лично ги интерпретира своите текстови, а покрај споменатата интерпретација, таа амбиентално е проследена и со музиката на групата „Ван Гог“.
Инаку, како за потсетување, групата „Ван Гог“ моментално се наоѓа на турнеја на која го промовира својот најнов студиски албум „Море без обала“, а покрај албумот, групата објави и книга која го носи истото име, а во која се гледаат и први фотографии од фронтменот Ѓуле, како и од неговиот починат татко.
Во продолжение на актуелната турнеја, групата се очекува за првпат со свој концерт да и се претстави на публиката во Скандинавија, со тоа што на 31 јануари ќе имаат свој настап во Малме, а на 1 февруари во Осло.
По завршување на споменатитите концерти, „Ван Гог“ во текот на 2020 година ќе ја продолжи својата турнеја.


