Фризурата на Џенифер Гарнер: Актерката ги насмеа своите фанови со фотографија од детството

profimedia
Фото: Профимедиа

Американската актерка Џенифер Гарнер (48) објави фотографија од своето детство, па се пошегува на сметка на својата фризура уште од младоста.

Имено, поранешната сопруга на Бен Афлек на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од нејзиното детство, а бидејќи косата не ѝ е убаво потстрижана на сликата, таа објасни.

Instagram
Instagram

Понекогаш потстрижувањето од 8 долари можеше да излезе убаво, но не секогаш“, напиша познатата актерка под објавата.

Таа ги насмеа своите следбеници со оваа фотографија, а еден обожавател ѝ напиша дека нејзиниот син Сем Афлек изгледа исто како неа во нејзината младост.

Instagram
Фотографијата што ја сподели Џенифер / Instagram

Гарнер ги има осумгодишниот син Сем, ќерката Виолет (14) и Серафина (11) со поранешниот сопруг Бен Афлек (48), кој моментално е во врска со актерката Ана Де Армас (32) а се шпекулира и дека неодамна ја запросил.

Џенифер и Бен се во добри односи, актерката неколку пати се обиде да му помогне да се справи со зависноста од алкохол, сепак, кога тие обиди станаа неуспешни, се разведе од него во 2018 година.

Instagram
Џенифер со децата / Instagram

Некое време се „шушкаше“ дека започнала романса со нејзиниот колега Бредли Купер, но двајцата не се осврнаа воопшто кон таа приказна, па ниту ја потврдија ниту ја демантираа.

Џенифер засега ужива во друштво на своите три деца, а во една прилика изјави дека се уште не е подготвена за нова љубов.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот