Скопје, Македонија - Фото: Flickr/aiva

Фридом Хаус: Македонија и натаму е „делумно слободна“ земја, такви ѝ се и повеќето соседи

Македонија и годинава останува „делумно слободна“ земја според нивото на граѓански слободи и политички права, покажува последниот извештај на „Фридом хаус“, „Слободата во светот“, кој се однесува на 2025 година.

Исто како лани, Македонија има индекс на слобода кој изнесува 67 од највисоката можна вредност од 100.

Во извештајот се наведува дека земјата „продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинари и активисти се соочуваат со притисоци и заплашување“.

Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериума – политички права и граѓански слободи. Политичките права се оценети со индекс 28 од можни 40, а граѓанските слободи со 39 од 60 поени.

Во „делумно слободни“ земји се Црна Гора(69), Албанија (68), Косово (60), Србија (56) и Босна и Херцеговина (52).

Србија и Бугарија се меѓу земјите каде што „Фридом хаус“ забележуваа најголем пад на слободите во текот на претходната година. Тие го имаат петтиот најголем пад, заедно со Соединетите Американски Држави.

Во извештајот пишува дека политичките права и граѓанските слободи се влошиле во 54 држави, додека само во 35 се забележани подобрувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот