Фридом хаус: Демократијата во Македонија благо подобрена, но има „политичка дисфункција“

Скопје, Македонија / Фото: Pexels/Tamas Marton

Во новиот извештај на „Фридом хаус“, „Државите во транзиција во 2023 г.“, состојбата на демократијата во С. Македонија е оценета како благо подобрена во споредба со лани, исто како и во Албанија и Косово, Србија остана на исто ниво, а влошување е забележано во Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави „Гласот на Америка“.

Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7.

Во регионот најдобро рангирана е Хрватска со 4,25, а најлошо – Босна и Херцеговина со 3,21. Албанија и Црна Гора беа оценети со 3,79, исто како и Србија. Повеќето земји од Балканот се во категоријата „транзициски или хибридни режими“.

Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи.

Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени.

Во извештајот се забележува и дека Северна Македонија и Црна Гора искусиле „акутна политичка дисфункција“ во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот