Фредериксен останува премиерка на Данска — спорот со Трамп за Гренланд ја чека и овој мандат

Со 21,9 отсто од гласовите, партијата на Фредериксен освои само 38 пратенички места на изборите во март – 12 помалку од претходно и далеку од потребните 90 за формирање мнозинство.

Неколку месеци по парламентарните избори во Данска, актуелната премиерка Мете Фредериксен, лидерка на Социјалдемократската партија, ќе формира централно-левичарска малцинска коалициска влада, објави „Би-би-си“.

Дванаесет партии освоија места на неубедливите избори во март. Социјалдемократите освоија најмногу гласови, но го забележаа најслабиот резултат од 1903 година.

Во изјава за новинарите по средбата со кралот Фредерик Десетти, Фредериксен рече дека договорот бил постигнат по долги и тешки преговори, додавајќи дека новиот кабинет ќе го претстави в среда.

Договорот ѝ обезбедува трет премиерски мандат во чувствителен момент за Данска, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака САД да го преземат Гренланд, полуавтономна данска територија. Според аналитичарите, веројатно овој спор ќе биде предизвик и во овој мандат.

САД и Данска преговараат за нови воени бази на Гренланд

Со 21,9 отсто од гласовите, партијата на Фредериксен освои само 38 пратенички места на изборите во март – 12 помалку од претходно и далеку од потребните 90 за формирање мнозинство.

Коалицијата ќе ја сочинуваат социјалдемократите на Фредериксен, Социјалистичката народна партија, централно-левичарската Радикална левица и центристичката партија Модератите, се наведува во соопштението од палатата.

„Се очекува Неговото Височество Кралот да ја прими новата влада во Амалиенборг в среда, 3 јуни 2026 година, наутро“, се наведува во соопштението.

Амалиенборг е официјалната резиденција на данското кралско семејство во Копенхаген.

Фредериксен го известила кралот Фредерик Десетти за договорот додека тој бил на јахтата „Данеброг“, а Данска помина 69 дена без влада.

Новиот кабинет ќе се соочи со притисокот околу Гренланд, трошоците за живот, економијата, социјалната држава, пестицидите, правата на животните и со климатското влијание на земјоделството.

Социјалдемократите и Венстре имаа историски слаби резултати, додека, пак, Данската народна партија имаше значително подобри резултати.

ВИДЕО | „Одете си дома“ – жители на Гренланд протестираа пред конзулатот на Америка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот