Француските пулмолози стравуваат од појава на нова болест поврзана со ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Сега се плашиме од појава на постковидна болест со бран пациенти со белодробни последици – предупредува професорката Шантал Рахерисон-Семјен, соопштувајќи дека извршените проценки покажуваат дека на некои постковидни пациенти им е потребна респираторна рехабилитација

Матичните лекари мора систематски да ги распрашуваат пациентите во врска со нивното дишење, особено ако биле болни од ковид-19 и да ги упатат на тестови на респираторниот систем, вели професорката Шантал Рахерисон-Семјен, претседателка на француско Здружение за пулмологија и шеф на одделот за пулмологија на универзитетската болница во Бордо.

Професорката Шантал Рахерисон-Семјен во интервјуто за весникот „Фигаро“, зборува за последиците од ковид-19.

– Да, знаеме дека тоа е и респираторна инфекција и болест на крвните садови. Во белите дробови има алвеоларно оштетување. Алвеолите се малите ќеси каде што се одвиваат респираторни размени (влегува кислород и излегува јаглерод диоксидот). Ковид-19 предизвикува дифузно воспаление со едем и, во некои случаи, множење на клетки наречени фибробласти, кои предизвикуваат фиброза, односно зацврстување на алвеоларниот ѕид.

Според Рахерисон-Семјен, овој механизам не е специфичен само за ковид-19, тој е забележан и кај други вирусни или бактериски инфекции по почетокот на респираторната инфекција како грипот, Сарс-КоВ-1 или Мерс-КоВ.

– Наспроти тоа, тромбозата на садови во близина на алвеолите, што понекогаш е забележано, се чини специфично за оваа инфекција. Оттука, белодробната емболија (опструкција на артериите што ги снабдуваат белите дробови) и разликата помеѓу пациентите што понекогаш биле во сериозна клиничка состојба кога се чини дека немаат дифузна и значајна пулмонална погоденост на скенер.

Потребно беше да се направи скенирање со инјекција за да се види штетата на садовите, но на почетокот на епидемијата се сметаше дека тоа е изолирана респираторна инфекција.

Според професорката, потребно е да се организира последователно следење на пациенти со ковид-19 и скрининг за продолженија затоа што ќе треба да се вклучат и процените и следењето на овие пациенти при консултациите

Професорката Шантал Рахерисон-Семјен е на мислење дека „фиброзата може да се развие подоцна, понекогаш дури и години по оштетувањето на респираторниот систем, на пример по кашлица или сипаници кај некој што не е вакциниран. Фиброзата е феномен за поправка што на крајот резултира со реновирање видливо на скенер.

– Затоа ќе биде неопходно да се следат пациентите што појавија белодробни проблеми со Сарс-Ков-2. Ова е причината зошто ние воспоставуваме постковидна пулмолошка мета-кохорта под покровителство на Здружението за пулмологија со Француската федерација за пулмологија, колеџот за општи болници, колеџот на професори за пулмологија и Националната унија на респираторни апарати.

Според Рахерисон-Семјен со ова следење треба да бидат опфатени лицата што биле на интензивна нега, луѓе што имаат диспнеа (отежнато дишење) кое опстојува 4 до 6 недели по заразната епизода. Идеално, во рок од 4 до 6 недели од отпуштање од болница за првото, во рок од три месеци за второто. Не мора секогаш да биде диспнеа, туку затегнатост во градите или невообичаен недостиг на здив.

Исто така, треба да се консултираат и луѓето што веќе не можат лесно да прават работи што ги правеле пред ковид-19 или оние што веќе немаат симптоми, но чие скенирање во градите покажало знаци од пневмонија што може да укажуваат на коронавирус. Истото може да се направи со помош на мал сензор залепен на прстот (сатурометар), ако заситеноста со кислород е помала од 96 отсто во амбиенталниот воздух.

– Сега се плашиме од појава на постковидна болест со бран пациенти со белодробни последици – предупредува таа, соопштувајќи дека извршените проценки покажуваат дека на некои постковидни пациенти им е потребна респираторна рехабилитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот