Францускиот Парламент го изгласа законот за укинување на вонредната состојба и „здравствената пропусница”

Француското национално собрание по повтореното гласање, го усвои предлог-законот за постепено укинување на вонредната состојба и контроверзната „здравствена пропусница”, јави дописникот на МИА.

Претходно, Парламентот се спротивстави на воведувањето на „здравствена пропусница”, откако дел од владејачкото мнозинство гласаа против, по што Владата беше принудена да го промени текстот, со кој се согласи да го скрати периодот на транзиција за време на кој ограничувањата на слободите остануваат под нејзина надлежност наспроти пандемијата, односно Владата со промената ќе може да носи рестриктивни мерки од 2 јуни до крајот на септември, наместо до крајот на октомври.

Покрај преодниот рок до крајот на септември, членот 1 од предлог-законот му овозможува на премиерот да продолжи да презема мерки за полициски час заклучно со 30 јуни, максимум од 21 до шест часот наутро и пред сè да ја воспостави контроверзната „здравствена пропусница”.

Оваа „здравствена пропусница” може да биде услов за пристап до големи собири или одредени места, предмет на презентација на негативен резултат на тест на коронавирусот, или доказ за вакцинација, па дури и потврда за оздравување по контаминација. За големите собири за кои е потребна „здравствена пропусница” Владата вети праг од 1.000 лица, но без да биде запишан во законот.

За време на дебатата француските пратеници, вратена е можноста за локални ограничувања и територијализирана вонредна состојба во текот на летото, во случај на разгорување на епидемијата, во периодот меѓу 10 јули и 31 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот