Техеран пак најави производство на ураниум, Франција, Германија и Велика Британија загрижени

Ураниум: Фото: ЕПА

Франција, Германија и Велика Британија изразија „голема загриженост” поради најавата на Иран дека ќе почне со производство на  ураниум збогатен до 20 проценти како гориво за нуклеарни реактори.

Во заедничкото соопштение министрите за надворешни работи на трите европски земји нагласија дека се „многу загрижени од последниот извештај на МААЕ со кој се потврдува дека Иран ги презел неопходните чекори за производство на збогатен ураниум. Ова е сериозно кршење на обврските на Техеран” од меѓународниот нуклеарен договор.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Иран ги известил оти се повлекува од меѓународниот договор за својата нуклеарна програма и дека презел конкретни чекори за производство на ураниум збогатен до 20-процентна чистота за гориво на реактори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот