Во текот на првиот ден средбите се одржаа во Агенцијата за филм

Францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ одржува професионални филмски средби и работилници во Скопје

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија се домаќини на тридневни професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ, претседател на „Акажу продуксион“ од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филмови.

Филмските средби почнаа на 27 јануари, кога Сашко Потер Мицевски, директор на Агенцијата за филм, ги пречека г-дин Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата, и г-дин Паскал Јуделевиќ на состанок.

Веднаш по работниот состанок, се одржаа работилници со десет носители на проекти, коишто ги презентираа своите проекти и добија професионални видувања од страна на францускиот продуцент Јуделевиќ, како и потенцијални можности за соработка.

Во текот на 28 јануари се одржаа неколку средби околу проектот на Јуделевиќ, со наслов „Седум дена, еден филм“, со неколку филмски професионалци од Северна Македонија.

Во четврток, на 29 јануари 2026, предвидена е работилница за пишување сценарио на Факултетот за драмски уметности, во рамките на која ќе бидат опфатени основите на драматургијата, конструкцијата на нарацијата и преминот од идеја во сценарио. Оваа работилница е наменета, пред сè, за студенти, млади автори и идни филмски работници.

Преку оваа тридневна програма, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ја потврдуваат заедничката посветеност на филмското творештво преку едукацијата на младите професионалци и дијалогот помеѓу француската и македонската филмска сцена, како и организација на сеопфатни активности во доменот на филмот предвидени со Договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија, потпишан помеѓу двете земји во февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот