Франција во проблеми: Двајца клучни играчи под знак прашалник за дуелот со Мароко
Последниот тренинг на Франција пред полуфиналето на Светското првенство против Мароко, закажано за в среда од 20.00 часот, го пропуштија двајца важни играчи.
Препорачано
Тоа се дефанзивецот Дајо Упамекано и играчот од средниот ред Адриен Рабио. Упамекано боледува од болки во грлото и не тренираше ниту во понеделникот, а и Рабио има настинка, пишува „Л`Екип“.
И двајцата се под знак прашалник за настапот против Мароко. Нивните отсуства би биле тежок удар за селекторот на „триколорите“ Дидие Дешан бидејќи и двајцата досега беа незаменливи членови на стартната постава.
Статусот на Упамекано како дефанзивец беше несомнен, додека Рабио е многу важен во средината бидејќи покрива голем дел од теренот.
Доколку не се подготвени за настап, Упамекано најверојатно во првите 11 ќе биде заменет од одбранбениот играч на Ливерпул, Ибраима Конате, а Рабио од фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана. Да додадеме уште дека Орелиен Чуамени, кој имаше проблеми со ударот што го доби против Англија, се врати на целосни тренинзи.


