ФОТО+ВИДЕО: „Вреди“ одржа конвенција во Скопје, слоганот за изборите е „Еден глас“
Коалицијата „Вреди“ вечерва во салата „Борис Трајковски“ одржува изборна конвенција на која ги промовира своите кандидати за градоначалници и ја претставува, како што ја нарекоа од владејачката коалиција, „визијата за победа“. Собирот се одржува под мотото „Еден глас“.
Препорачано

„На 19 октомври, Албанците конечно ќе го запечатат новиот пат на чиста, одговорна и достоинствена политика. Денес е денот овој глас силно да се чуе од Скопско до секој агол од земјата“, порачаа од коалицијата која е дел од власта во пресрет на вечерашниот настан.










