ФОТО+ВИДЕО: Традиционален марш на сексуалните работници во Скопје, со црвени чадори одбележаа 5353 денови до правда
Агнеса Чаволи
Пред
И оваа година традиционално, 16-ти пат со црвени чадори се одржа маршот за правата на сексуалните работници. Маршот започна на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија” и заврши на плоштадот „Филип Втори”.
Сексуалните работници бараат хуман и еднаков третман од страна на државата базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со законите и уставот на Македонија и декриминализација на сексуалната работа, во рамки на овогодинешната кампања „5353 денови до правда”.
-Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден за стоп врз насилството врз сексуланите работници, 17-ти декември кој го одбележуваме секоја година со маршот на црвените чадори. Она што е поразлично од претходните години е што оваа година одбележуваме 5353 денови до правда. Оваа година сексуалните работнички конечно остварија правда поради прекршување на нивните права од страна на институциите. На 20 ноември 2008 година 23 сексуални работнички без никакво објаснување беа спроведени во полициска станица Бит Пазар кадешто беа држени цела вечер, рече Хајди Штерјова Симоновиќ, извршна директорка на ХОПС.
Три сексуални работнички сведочеа пред камерите за малтретирањето и понижувањето кое го доживеале ноќта во полициската станица.
-Грубо им е прекршено правото на приватност со тоа што биле снимани и објавени со непокриен лик во јавноста. Од вкупно 23 жени чии права беа прекршени таа вечер само 13 се охрабрија да поднесат тужба против институција како што е МВР за заштита на нивното право на приватност и заштита од нехуманиот и деградирачки третман, нагласи Штерјова.
Потоа следува судската голгота на овие сексуални работнички, при што пресудата во нивна корист и оштетата била поништена од Апелациониот суд, а само 4 од нив ја продолжиле постапката пред Европскиот суд за човекови права кој ќе констатира дека нивните права ги прекршило и МВР и судот.
-Со оваа пресуда испраќаме порака до националните институции и судовите дека во демократска држава сите се еднакви пред законите и уставот и правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат, нагласи Штерјова.
Во маршот беа присутни, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот, активисти, поддржувачи и невладината организација ХОПС.
-Сексуалните работнички во земјава не уживаат посебни права, тие едноставно треба да ги уживаат сите права коишто ги имаат сите луѓе во земјава. Како организација кога ќе мапираме или идентификуваме одреден прекршување на правата ги застапуваме сексуалните работници пред надлежните институции, рече Борче Божинов, од Здружение СТАР – СТАР Скопје.
Марш на сексуални работници
Фото: Агнеса Чаволи Слободен Печат
Марш на сексуални работници Фото: Агнеса Чаволи Слободен Печат
Проследете го целото видео од маршот тука…
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Скопските улици секојдневно се „населуваат“ со нови непознати кучиња, кои како глутници се присутни во повеќе делови од градот и со нивното присуство и непознато потекло ги плашат скопјани. Како што вели директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, претпријатието е само „пожарникар“ што се обидува да го среди проблемот со бездомните кучиња кој подолг период …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Дали меѓуѕвездената комета откриена во 2025 е всушност вонземен брод? Научниците конечно имаат одговор 2 Ацо Ѓукановиќ ја напуштил Црна Гора 3 ФОТО | Дуа Липа блесна пред италијанската свадба — ги пречека …